Време за одмор за баделки нема! Архивирана е вчерашната победа во домашното првенство. Од денес мислите и активностите се насочени кон следниот предизвик, натпреварот од К04 во WABA Суперлигата против екипата на Триглав, којшто ќе се одигра во Вторник (25.01.2022)  во спортската сала Независна Македонија со почеток во 19:30 часот.

Преостануваат два дена во коишто во исто време баделки ќе треба да земат здив, да го консолидираат здравствениот билтен и да се подготват за првиот Суперлигашки натпревар на домашен терен!

Со оглед на јануарските случувања коишто за жал ги диктираат лицата во бели мантили (надвор од кошаркарските терени), пред баделки е исклучително тешка мисија во обидот за историска прва Суперлигашка победа, мисија за којашто е потребна и поддршка од пошироката спортска јавност!

Користиме прилика да ги поканиме љубителите на кошарката да дојдат во Вторник во спортската сала Независна Македонија и да бидат ветар во грб на нашите најуспешни репрезенти на женската кошарка во меѓународни рамки.

💙💛  СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!   💙💛

23.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862