Победа на баделки за задржување на 100% ефект во домашното првенство. Совладана е екипата на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 71:64 (21:11, 21:18, 13:12, 16:23).
И покрај заморот, неповолниот јануарски здравствен сино – жолт билтен и кратката клупа, баделки имаа целосна контрола врз натпреварот. Екипата на МЗТ Скопје Аеродром, осетно засилена во зимскиот преоден рок, заслужува честитки за прикажаното на терен.
Нена Трајчевска со остварениот дабл-дабл ефект го одбележа натпреварот. Постигна 19 поени, 17 скока, 7 асистенции, 2 украдени топки, 1 блокада за севкупен индекс од 34.
Најефикасната на натпреварот, Александра Стојановска на постигнатите 20 поени додаде и 6 асистенции и 5 скока. Цветанка Димова, којашто после подолга пауза се врати на кошаркарскиот терен постигна 18 поени, а оствари и 6 скока и 3 асистенции и 2 украдени топки. Kaitlyn Mathieu натпрварот го заврши со 8 поени и 13 скока, а Сара Максимовска со 6 поени.
Пред баделки се 3 дена на располагање за одмор, рехабилитација, тренинг и припрема за следното искушение – натпреварот од WABA Суперлигата во Вторник против Триглав од Крањ, натпревар во којшто баделки ќе атакуваат на првата Суперлигашка победа!
💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛
22.01.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862