Баделки влегуваат во завршната фаза од подготовките за натпреварот од 3-то коло од WABA Супер лигата против Војводина 021, натпревар којшто ќе се одигра во Среда, 19.01.2022 година во Нови Сад.

Војводина 021 е најпријатното изненадување во Суперлигата. Во групната фаза го освои 3-то место во Групата А со скор 6 победи и 4 порази. На стартот на Суперлигата, во првото коло, на домашен терен ја совлада силната Монтана 2003, додека во второто коло во Пожега ја совлада екипата на Пламен Пожега. Со овие две победи, нашиот следен противник покажа дека се наоѓа во одилична форма и ја најави кандидатурата за учество на Ф4.

Во досегашниот дел од сезоната, кошаркарките на Војводина 021 шутираат за 2 поени со 47% успешност, за 3 – 33.7%, додека слободни фрлања извесуваат со 75.3% успешност. Просечно остваруваат по 39.6 скокови, 17.2 асистенции, 9.6 украдени топки. Просечно прават и 17.1 грешки по натпревар, а постигнуваат во просек по 71.2 поени по натпревар. Sara Loomis е најзабележителната кошаркарка на Војводина 021. Просечно постигнува по 18.3 поени/натпревар и 8.2 скока/натпревар. Carna Prokic е најдобар асистент со 4.0 асистенции/натпревар.

Баделки извонредно го започнаа натпреварувањето во Суперлигата. Во првото коло, на гостински терен кај фаворитот за Ф4, Будуќност Бемакс, и покрај незаслужениот пораз од 5 поени разлика, покажаа дека кога се игра со срце, дисциплинирано и со максимална концентрација, без разлика на името на противникот, шансите за успех се големи.

Нашиот тим, во досегашниот тек на првенството, статистички, за 2 поени има 46.4% успешност, за 3 – 31.1%, додека слободните фрлања ги изведува со 69.2% успешност. Просечно остварува по 36.9 скока/натпревар, 17.8 асистенции, 8.6 украдени топки. Просечно се постигнуваат по 66.2 поени/натпревар.

Ивана Кметовска е трет поентер во лигата со 18.45 поени/натпревар, а просечно остварува и по 7.9 скока/натпревар. Александра Стојановска е најдобар асистент со 3.9 асистенции/натпревар.

Пред нас е тежок натпревар, натпревар во којшто без сомнение беделки ќе дадат се од себе за што подобра презентација на квалитетот којшто го поседуваат, со крајна цел – прва Суперлигашка победа на жешкиот терен во Нови Сад.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

16.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862