Штета! Баделки вечерва беа на чекор до најголемата сензација во WABA лигата!

Баделки десеткувани, но со големо срце вечерва му се спротивставија на моќниот Будуќност Бемакс во Подгорица. Влегоа во натпреварот како ајтсајдери, но на изненадување на фаворитот, сино-жолтите го контролираа резултатот и текот на натпреварот се до последните 5 минути. Ивана Кметовска беше нерешлива енигма за домашната екипа. Одигра блескав натпревар, постигнувајќи 29 поени и 9 скока.

На полувреме нашите кошаркарки заминаа со 6 поени предност, која во третата четвртина порасна на максимални +13. Се држеа баделки се до 35-та минута, кога протвникот поведе. Кратката клупа, заморот, меѓутоа и неколкуте спорни судиски одлуки си го направија своето, за конечни 69:64 (13:12, 11:18, 13:19, 32:15).

Пораз рамен на победа!

Настап на баделки којшто ја враќа вербата во подобро утре на женската кошарка!

Настап во којшто баделки, како и секогаш, го оставија срцето на терен!

Простор за тага нема! Пред нас се уште 7 натпревари во Суперлигата на WABA, натпревари во коишто баделки, како и вечерва нема да не разочараат!

 

💙💛  ГЛАВАТА ГОРЕ!   💙💛

💙💛  СО СРЦЕ НА ТЕРЕН!   💙💛

💙💛  ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

05.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862