Тренинзи, Ковид, тренинзи, паузи, натпревари, протоколи, Ковид, повреди, тренинзи, протоколи, натпревари…..е најкраткиот опис на 2021-ва година, исклучително тешка за спортистите во целиот свет.

 

Позади нас е година во којашто мораше да се сочува пред се здравјето!

Позади нас е година во која тренажниот и натпреварувачкиот процес се одвиваа многу внимателно!

Позади нас е година во којашто после секој натпревар најважно беше да нема повредена кошаркарка!

 

 

Сепак, и покрај специфичностите коишто ги донесе и оваа Ковид година, на спортски план баделки ќе ја паметат како година на постигнати одлични резултати на домашен план и историски исчекор напред на меѓународен план.

Сениорките во домашното првенство, значително ослабени поради повредени кошаркарки, го освоија второто место во првенството и купот.

Новата сезона ја започнаа со триумф во првиот Супер куп, триумф којшто беше предвесник на историскиот настап на баделки во Јадранската WABA лига. Со златни букви ќе биде забележана првата победа на било која македонска екипа во WABA лигата против РМУ Бановиќи во Бановиќи, после која следеше сензационалната победа над белградски Партизан во Белград, … првата победа на домашен терен против РМУ Бановиќи, па втората против Партизан…за историски пласман во Супер лигата на WABA!

Нашите најмлади кошаркарки (М14) во годината што одминува го освоија третото место на Ф4. Во новата сезона незнаат за пораз!

Кошаркарките во М16 конкуренција оваа година се закитија со сребрен медал на Ф4, а во новата сезона се супериорни!

Нашата М18 екипа е државен првак! Во новата натпреварувачка сезона и покрај променливата форма, сепак се сериозен кандидат за највисок пласман!

 

На сите наши кошаркарки им честитаме за постигнатите резултати во изминатата година, за нивната посветеност и севкупното функционирање во услови на пандемија со Ковид 19!

 

Воедно, на сите кошаркарки, спортски работници, родители, љубители на кошарката им посакуваме пред се многу здравје, спортски и животни успеси во новата 2022 година!

 

💙💛  СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА   💙💛

30.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862