Овој продолжен викенд баделки одиграа три натпревари во три различни конкуренции.

Во Петокот, во заостанат натпревар во М14 конкуренција, ЖКК Бадел 1862 ја совлада екипата на ЖКК Шкупи со резултат 47:33 (12;4, 11:2, 12:17, 12:9). Најефикасна баделка беше Дора Алексова со 26 поени. Илина Несторовска постигна 13, Мила Начевска 6 и Ева Стојковска Палевска 2 поени.

Денес, денот го отворија сениорките, со сигурна победа против ЖКК Работнички со резултат 93:61 (28:16, 26:13, 31:13, 8:19). Најефикасна беше Ивана Кметовска со 23 поени. Нена Трајчевска постигна 18, Александра Стојановска 12, Kaitlyn Mathieu 11, Марија Димитријевиќ 9, Сара Максимовска 8, Мартина Блажевска и  Мартина Маркоска по 6 поени.

Викендот баделки го затворија со натпреварот против ЖКК Крива Паланка во М18 конкуренција. Во изедначен и неизвесен натпревар, победата ја однесоа гостинките од Крива Паланка со резултат 62:60 (16:13, 14:15, 16:15, 16:17). Најефикасна во редовите на Бадел 1862 беше Мартина Блажевска со 21 поен. Мартина Маркоска постигна 16, Мила Ѓуковиќ 8, Дева Глигорова 7, Јана Петрова и Зара Стојковска по 4 поени. 

Честитки до гостинската екипа за победата и фер и коректниот натпревар.

За младите М18 баделки  време за одмор нема, бидејќи во Вторник ги очекува натпреварот против ЖКК Баскет Кам во Македонска Каменица.

Главата горе, одиме понатаму! Одиме на победа за крај на 2021-ва година!

 

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ 1862!   💙💛

26.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862