Вечерва во хотелот Лимак во организација на КФСМ се одржа изборот на најдобрите во македонската кошарка во 2021-ва година.

ЖКК Бадел 1862 се закити со две златни статуетки.

Очекувано, сино – жолтиот младински погон, М18, државен шампион, М16 – втор место и М14 трето место, го доби признанието за најдобра женска младинска екипа.

Признанието за најдобар тренер во женските младински лиги, сосема заслужено го доби Анета Глигорова, тренер на младите баделки.

Добиените признанија се потврда за квалитетот и континуитетот во работата со младите кошаркарки во сино – жолтиот погон.

 

💙💛  ОДИМЕ ПОНАТАМУ!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ 1862!   💙💛

22.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862