Завршува годината во која ЖКК Бадел 1862 испиша историја.
- Прв победник на Супер Куп натпреварот!
- Остварена првата (а потоа и втора, трета, четврта) победа на било која македонска женска кошаркарска екипа во регионалната WABA лига!
- ЖКК Бадел 1862 е првата македонска екипа којашто обезбедила пласман во WABA Супер лигата!
- Во меѓувреме, супериорни во домашното првенство со 100% ефект, 9/9!
Наближуваат новогодишните и божиќни празници. Период во кој женската кошарка е на празничен одмор, а потоа во припремен период за продолжетокот од домашното првенство.
Оваа сезона, за баделки, за најдобриот македонски женски кошаркарски репрезент дома и на меѓународен план, време за одмор и празници ќе нема.
Во Јануари и Фебруари на програмата се натреварите од WABA Супер лигата, период во којшто ќе се одиграат 8 натревари против екипите на Будуќност Бемакс (Црна Гора), Орлови (Босна и Херцеговина), Триглав (Словенија) и Војводина 021 (Србија).
Пред баделки е пеколен ритам на натпревари:
05.01.2022 К1 Будуќност Бемакс – Бадел 1862
12.01.2022 К2 Бадел 1862 – Орлови
19.01.2022 К3 Војводина 021 – Бадел 862
26.01.2022 К4 Бадел 1862 – Триглав
02.02.2022 К5 Бадел 1862 – Будуќност Бемакс
16.02.2022 К6 Орлови – Бадел 1862
23.02.2022 К7 Бадел 1862 – Војводина 021
02.03.2022 К8 Триглав – Бадел 1862
На нашите кошаркарки им посакуваме многу здравје. Амбиција, мотив и знаење имаат!
Знаеме дека ќе бидат одлични промотори на македонската женска кошарка на меѓународен план, дека ќе испишат уште една убава страница во сино – жолтата блескава историја.
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ 1862! 💙💛
18.12.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862