ЖКК Бадел 1862 искажува јавна благодарност до електронските медиуми и Интернет портали коишто се вклучија во кампањата за промоција и известуваа за сите активности пред, за време и по завршување на натпреварот на годината против белградски Партизан. Искажуваме благодарност и за известувањата за сите настапи на баделки на домашен и меѓународен план.

Благодарност до националната МТВ, којашто ја препозна тежината и значењето на вчерашниот натпревар и истиот во директен пренос го пренесуваше на МТВ 3. Воедно, благодариме за спремноста на националната МТВ, преку директни преноси да ги доближи до пошироката јавност натпреварите коишто баделки ќе ги одиграат на домашен терен во ракмите на WABA Супер лигата.

Тежината и значењето на масовното вклучување и поддршка од Интернет порталите е огромна. Истата доаѓа во време кога се помалку се слуша и пишува за женската кошарка на пишаните и електронски медиуми, во време кога интересот кај младата популација за женската кошарка го достигна дното!

Во периодот што е пред нас, во интерес на популаризација и промоција на женската кошарка, очекуваме оваа успешна кампања да стане секојдневие во коешто покрај националната МТВ и Интернет порталите ќе се вклучат и останатите телевизии со национална фреквенција: Сител, Канал 5, Телма, 24 Вести…., како и Интернет порталите коишто досега не пројавуваа интерес за промоција и популаризација на женската кошарка.

Со надеж дека ќе ја продолжиме и продлабочиме соработката,

ИСКРЕНО ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СРАБОТЕНОТО!

 

💙💛 🇲🇰 ЖЕНСКА КОШАРКА! 🇲🇰  💙💛

💙💛 🇲🇰 ПРОМОЦИЈА! 🇲🇰  💙💛

💙💛 🇲🇰 ПОПУЛАРИЗАЦИЈА! 🇲🇰  💙💛

💙💛 🇲🇰 БАДЕЛ 1862! 🇲🇰  💙💛

16.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862