Трета победа за чекор поблиску во WABA Суперлигата. Баделки вечерва ја совладаа екипата на РМУ Бановиќи со убедливи 85:55 (32:11, 20:20, 19:5, 14:19).

Доминација на баделки во текот на сите 40 минути. Црвсти во одбраната, конкретни во нападот. Фуриозната прва четвртина за +21, на крилата на расположената Александра Стојановска во улогата на поентер и Марија Димитријевиќ како асистент, резултираше со игра без грч во останатите три четвртини.

Александра Стојановска натпреварот го заврши со 30 постигнати поени, погодувајќи  10 од 13 шута од поле за одлични 76% прецизност од поле. Додаде и 2 скока, 2 асистенции, 2 блокади и 3 украдени топки за севкупен индекс од 33.

Извонредна вечер имаше и Марија Димитријевиќ, со постигнати 9 поени, 5 скока, 2 украдени топки и фантастични 10 асистенции за севкупен индек од 24.

Kaitlyn Mathieu со постигнатите 16 поени и 11 скока оствари дабл – дабл ефект. Ивана Кметовска постигна 7 поени, Нена Трајчевска 10, Цветанка Димова 5, Сара Максимовска 4, Сандра Лазаревска и Дева Глигорова по 2 поени.

Најефикасни во екипата на РМУ Бановиќи беа Мaida Lacic со 18 поени, Zerina Kurtic со 11 и 14 годишната Milica Dragicevic со 10 поени.

На кошаркарките на РМУ Бановиќи им честитаме на фер и коректната игра и им посакуваме успех во понатамошните натпревари.

Баделки до крајот на групната фаза им претстојат натпреварите против Пламен Пожега (гости) и Партизан 1953 (дома). За остварување на главната цел потребна ни е уште една победа.

 

💙💛  2/2 ЗА РЕГИОНАЛНА ПРОЛЕТ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

01.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862