Големата цел и предизвик, пласман во WABA Суперлигата, за ЖКК Бадел 1862 и македонската женска кошарка во целина, влегува во финалната фаза.

Во Среда, 01.12.2021 година во спортската сала Независна Македонија, со почеток во 19:00 часот, баделки ја имаат “првата меч топка”.

Во натпревар од 8-то коло од Групата Б, ЖКК Бадел 1862 ќе ја пречека екипата на РМУ Бановиќи. Последните добри игри и остварени победи ја кренаа позитивната атмосфера на посакуваното ниво.

Баделки до крајот на групната фаза ќе одиграат уште 3 натпревари (РМУ Бановиќи и Партизан 1953 на домашен терен и Пламен Пожега на госински терен), а за пласман во WABA Суперлигата (најмалку 4-то место во Група Б) потребни се две победи.

Одиме чекор по чекор.

Во Среда одиме на првата од двете потребни победи!

 

💙💛  2/2 ЗА РЕГИОНАЛНА ПРОЛЕТ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

29.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862