Сино – жолтата 16-ка вчера го започна, а денес најмладите и најстарите баделки го комплетираа со победи овој викенд за 3/3 и 100% ефект.

Најмладите ја совладаа екипата на ЖКК Пелистер со резултат 52:18. Големата разлика во квалитет (17:0 прва четвртина, 30:2 на полувреме) беше доволна причина и повод тренерот Дарко Димитријевиќ да им укаже прилика на сите баделки.

Најефикасна на натпреварот беше Дора Алексона со 26 поени.

Сениорките исто така имаа пријатно попладне во Струга. Славеа победа над домаќинот, ЖКК Струга со 74:59. Со оваа победа сениорките го задржаа 100% ефект во Првата А лига.

Честитки за екипите на ЖКК Пелистер и ЖКК Струга за фер и коректната борба.

Баделки од утре ги започнуваат финалните подготовки пред извонредно значајниот натпревар од WABA лигата, против РМУ Бановиќи, во Среда, натпревар на којшто се трасира патот кон WABA Супер лигата.

 

💙💛  100%  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

28.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862