Пред нас е викенд исполнет со настапи на баделки во три конкуренции.
Викендот ќе го отворат кошаркарките до 16 годишна возраст.
Во Сабота, 27.11.2021 година, во Тетово со почеток во 12:30 часот во спортската сала при ОСМУ Никола Штејн, ќе го одиграат натпреварот против екипата на ЖКК Тетова Булс.
Најмладите, М14 баделки, во Недела, на 28.11.2021 година со почеток во 16:00 часот во спортската сала Независна Македонија ќе ја пречекаат соодветната екипа на ЖКК Пелистер.
Сениорките, во Недела, на 28.11.2021 година, во Струга ќе го одиграат дерби натпреварот против екипата на ЖКК Струга. Натпреварот ќе започне во 16:30 часот.
💙💛 3/3 ЗА 100% 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛
26.11.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862