Во ракмите на 7-то коло од Групата Б, беделки го претпреа 5-от пораз во регионаната WABA лига. Моќната Цинкарна Цеље славеше со резултат 98:59 (29:18, 25:18, 18:12, 26:11).

Домаќините го контролираа натпреварот во текот на сите 40 минути. Баделки, ослабени со неиграњето на Сандра Лазаревска и Цветанка Димова, и покрај високиот пораз, заслужуваат честитки  за пожртвуваната игра и константните обиди да му парираат на поквалитетниот противник.

Нена Трајчевска (13 поени, 11 скока) и Ивана Кметовска (21 поен, 10 скока) натпреварот го завршија со дабл – дабл ефект.

Александра Стојановска натпреварот го заврши со 17 поени, Kaitlyn Mathieu постигна 6 поени, а нашата младинка Мартина Блажевска ги забележа првите 2 поени и 3 скока на дебито во WABA лигата.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

25.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862