Во рамките на 5-то коло од сениорската Прва А лига, баделки ја совладаа екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром со резултат 73:47 (16:16, 27:4, 21:12, 9:15).

Со оваа победа баделки го задржаа 100% ефект во досегашниот тек од првенството и го задржаа првото место на табелата.

Мартина Блажевска постигна 22 поени, Kaitlyn Mathieu 17, Нена Трајчевска и Марија Димитријевиќ по 11, Александра Стојановска 5, Сара Максимовска 4 и Дева Глигорова 3 поени.

Денес, младите баделки до 16 годишна возраст во натпревар од 3-то коло од Група 1 ја совладаа соодветната екипа на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром со резултат 66:32 (30:6, 18:5, 7:6, 11:15).

По примерот на сениорките и младите баделки го задржаа 100% ефект во досегашниот тек од натпреварувањето.

Дора Алексова постигна 19 поени, Зара Стојковска 12, Јована Димковска 12, Ива Згонц 6, Елена Алулоска 6, Мила Начевска и Неда Лабудовиќ по 4, Ева Стојковска Палевска 2 и Теодора Ѓоргиевска 1 поен.

 

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

18.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862