Пораз на младите М18 баделки во премиерниот натпревар од новата сезона од екипата на ЖКК Трокал со резултат 51:59 (10:15, 23:11, 8:20, 10:13).

Млако, опуштено, деконцентрирано издание на баделки во три четвртини од натпреварот. Само во вториот период од натпреварот сино – жолтиот тим делумно ги оправда очекувањата. Пораз од којшто мора да извлече поука во пресрет на останатите натпревари.

Честитки за екипата на ЖКК Трокал за остварената победа.

Победите и поразите се составен дел од спортските натпреварувања.

Баделки оделе, одат и ќе одат на победа на секој натпревар.

 

💙💛 ГЛАВАТА ГОРЕ И НАПРЕД КОН НОВИ ПОБЕДИ! 💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

13.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862