Вечерва во рамките на 6-то коло од регионалната WABA лига, баделки претрпеа пораз од екипата на Монтана 2003 со резултат 81:63 (22:19, 25:11, 20:15, 14:18).

За одбележување е настапот на Нена Трајчевска, којашто оствари дабл-дабл ефект, постигнувајќи 14 поени и 10 скока, на коишто надополни 7 асистенции, 5 украдени топки и 1 блокада, за севкупен индекс од 24. Ивана Кметовска постигна 17 поени и оствари 8 скока, Алексанра Стојановска постигна 11 поени и 5 асистенции, Kaitlyn Mathieu постигна 10 поени и 4 скока, Марија Димитријевиќ натпреварот го заврши со 9 постигна поени и Цветанка Димова 2 поени.

Во редовите на Монтана 2003 најзабележитен настап имаа Viktorya Stoycheva 18 поени и 12 асистенции, Dimana Georgieva оствари 14 скока и Mariah King со 11 поени и 11 скока.

На кошаркарките на Монтана 2003 им ја честитаме победата.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

 

 

 

03.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862