Време за одмор нема. Следува нова епизода од Јадранскиот поход. Баделки отпатуваа за Монтана, Бугарија, кадешто утре, 03.11.2021 година со почеток во 18:00 часот ќе го одиграат натпреварот од 6-то коло во WABA лигата против силната екипа на Монтана 2003.

Уморни од пеколниот ритам Среда – Недела, но со голема самодоверба и позитивна атмосфера, нашиот Бадел 1862 ќе се обиде да го изненади големиот фаворит.

Очекуваме добра игра, успешна презентација на македонската женска кошарка и зошто да не, победа.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

 

 

 

02.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862