Рутинска победа на баделки во скопското дерби против ЖКК Работнички со резултат 92:46 (34:22, 27:9, 19:13, 12:2).

Кошаркарките во сино – жолти дресови максимално ангажирано ги одиграа сите 40 минути. Со оваа победа баделки го задржаа 100% ефект во домашното првенство.

Најефикасна на теренот беше Цветанка Димовасо 22 поени. Ивана Кметовска постигна 20, Марија Димитријевиќ 16, Нена Трајчевска 13, Сандра Лазаревска 10, Kaitlyn Mathieu 7 и Александра Стојановска 4 поени.

Следен предизвик за кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 е натпреварот против Монтана 2003, во рамките на 6-то коло од WABA лигата на 03.11.2021 година во Монтана, Бугарија.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

 

 

30.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862