Како што пренесува и официјалниот сајт на WABA лигата, http://waba-league.com , нашиот центар, Ивана Кметовска е МВП на 5-то коло во WABA лигата.
Воедно, Ивана е првата кошаркарка на Бадел 1862 којашто се здобила со признанието за најкорисен кошаркар во историјата на WABA лигата.
На натпреварот против белградски партизан, Ивана Кметовска постигна 31 поен (шут од поле 12/17, 7/11 од линијата за слободни фрлања), што е воедно и клубски рекорд на Бадел 1862, оствари 14 скока, 2 асистенции, 1 бколада и 1 украдена топка за севкупен индекс на корисност од 39.
Големо браво за Ивана и за комплетната екипа на Бадел 1862, за прикажаното во Белград, за големото срце, за мотивираноста, за желбата за победа,…
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
29.10.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862