Лесна победа на ЖКК Бадел 1862 против ЖКК Про Баскет во ракмите на 3-то коло од Прва А лига со резултат 104:30 (30:5, 26:10, 23:5, 25:10).

Крајно нерамноправен натпревар во којшто баделки настапија без Нена Трајчевска и Ивана Кметовска.

Најефикасна на теренот беше Мартина Блажевска со 21 поен, Марија Димитријевиќ и Сара Максимовска постигнаа по 18 поени, Цветанка Димова 14, Сандра Лазаревска 11, Kaitlyn Mathieu 10, Александра Стојановска и Дева Глигорова по 6 поени.

На гостинките од Кавадарци им честитаме на фер борбата и им посакуваме успех во понатамошниот тек на првенството.

Следниот предизвик за ЖКК Бадел 1862 е натпреварот против Партизан 1953 во регионалната WABA лига, на 27.10.2021 година во Белград.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💙💛

 

 

23.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862