Изминатите два дена се одиграа натпреварите од 4-то коло на регионалната WABA лига.

И покрај скорот од три порази и една победа, индивидуалните показатели покажуваат дека нашите баделки успешно се носат со силната јадранска конкуренција.

Во категоријата – постигнати поени по натпревар, Александра Стојановска со просек од 14.75 поени/натпревар се наоѓа на делбата на 12-то место, додека Цветанка Димова и Ивана Кметовска со просек од 14.25 поени/натпревар го делат 15-то место. Најдобри поентери досега се нашите вчерашни противнички, Jelena Ivezic со 24 поени/натпревар и Kapinga Maweja La mama со 23.33 поени/натпревар.

Во категоријата асистенции, Александра Стојановска исто така е на 12-то место со просек од 4.25 асистенции/натпревар, додека на чело на листата е Santa Okockyte-Balkojiene од Монтана 2003 со 7.6 асистенции/натпревар.

Во категоријата остварени скокови, Ивана Кметовска се наоѓа на 9-то место со 7.5 скока/натпревар, а Цветанка Димова е на 19-то место со 6 скока/натпревар. Листата ја предводи Vladinka Erak од Орлови со 18.5 скока/натпревар.

Во категоријата индекс на корисност, Цветанка Димова е на 13-то место со 16.75/натпревар, додека листата ја предводи Kapinga Maweja La mama од Пламен Пожега со 32/натпревар.

Главата горе баделки, поразите и победите се составен дел на спортските игри и воопшто во животот. Низ досегашните натпревари покажавте и докажавте како се бранат биоте на клубот во исклучително силната конкуренција. Воопшто ме се сомневаме дека и на следните натпревари достојно ќе ја презентирате македонската женска кошарка на меѓународната сцена.

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛКИ! 💙💛

 

 

22.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862