Селекторот на женската сениорска кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави поширокиот список на кошаркарки за претстојните квалификациски натпревари за Евробаскет 2023. На списокот се наоѓаат 24 кошаркарки, а најтрофејниот македонски клуб, ЖКК Бадел 1862 е застапен со 6 кошаркарки:

Марија Димитријевиќ, Александра Стојановска, Нена Трајчевска, Цветанка Димова, Ивана Кметовска и Мартина Блажевска.

Нашата репрезентација во месец Ноември ја очекуваат натпреварите против селекциите на Германија (11.11.2021 година, Хале – Германија) и Босна и Херцеговина (14.11.2021 година, Скопје).

Подготовките за овој квалификациски циклус ќе започнат на 04.11.2021 година.

Покрај сино – жолтата шесторка, на поширокиот список се наоѓаат и следните кошаркарки:

Анџелика Митрашиновиќ, Илина Селцова, Dewanna Bonner, Тијана Митрева, Матеа Николиќ, Габриела Модева, Ивона Кожобашиовска, Емилија Лазарова, Ивона Пејковска, Јована Петрушевска, Катерина Поп-Димитрова, Драгана Петковска, Михаела Алексовска, Ива Чолаковска, Марија Митева, Снежана Серафимова, Елена Тасевска и Наталија Секуловска.

 

14.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862