Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 вечерва во Бановиќи ја забележаа првата победа во регионалната WABA лига воопшто.

Најтрофејниот македонски женски колектив, како и што доликува, ќе биде забележан како прв македонски тим којшто успеал да извојува победа во регионалното натпреварување. Совладана беше екипата на РМУ Бановиќи со резултат 70:57 (18:6, 20:14, 17:16, 15:21).

Цветанка Димова забележа дабл-дабл ефект, 16 поени и 10 скока, Ивана Кметовска постигна 24 поени, а Александра Стојановска 18 поени.

Се на се, рутинска победа на баделки, којашто беше добар тест пред претстојниот дерби натпревар во домашното првенство против екипата на ЖКК Баскет Кам (18.10.2021).

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

 

13.10.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862