Викендов се одиграа натпреварите од 1-то коло во женската Прва А лига. Фаворитите ЖКК Бадел 1862, ЖКК Баскет Кам и ЖКК Вардар стартуваа со убедливи победи, а во дерби натпреварот помеѓу ЖКК Работнички и ЖКК Струга, стружанки со убедливиот триумф испратија порака дека во новата сезона ќе се борат за висок пласман.

Резултати:

09.10.2021     ЖКК Бадел – ЖКК Крива Паланка 87:61 (23:23. 19:12, 28:14, 17:12)

09.10.2021     ЖКК Работнички – ЖКК Струга 49:78 (16:14, 15:25, 11:24, 7:15)

10.10.2021     ЖКК МЗТ Скопје Аеродром – ЖКК Вардар 40:73 (4:25, 14:15, 11:14, 11:19)

10.10.2021     ЖКК Баскет Кам – ЖКК Про Баскет 99:58 (25:15, 25:12, 27:15, 22:16)

 

Натпреварите од 2-то коло предвидени се за 16.10.2021 година.

 

10.10.2021.

ЖКК БАДЕЛ 1862