Претендентот за шампионската титула, ЖКК Бадел 1862 со победа ја започна новата прволигашка сезона. Попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на ЖКК Крива Паланка со резултат 87:61 (23:23, 19:12, 28:14, 17:12).

Големото искуство и квалитет на баделки беа пресудни за крајниот исход на натпреварот.

Најефикасни во редовите на ЖКК Бадел 1862 беа Цветанка Димова со 27 поени и Нена Трајчевска со 22 поени.

Во редовите на ЖКК Крива Паланка наистакнати кошаркарки беа Михаела Алексовска постигна 21 поен и Марија Петровиќ со 20 поени.

Баделки продолжуваат во ритамот Среда-Сабота. Веќе во Среда ги очекува натпреварот од 3-то коло во регионалната WABA лига, на гостински терен против екипата на ЖКК РМУ Бановиќи.

НАПРЕД БАДЕЛ!

09.10.2021.

ЖКК БАДЕЛ 1862