Во Среда, 06.10.2021 година, кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, во раките на 2-то коло од Групата Б во регионалната WABA лига, ќе се сретнат со екипата на ЖКК Цинкарна Цеље.

Распоредот на натпревари сакаше баделки во првите две кола од натпреварувањето да ги одмерат силите со двата претенденти за највисок пласман, Монтана 2003 во првото коло и Цинкарна Цеље во второто коло.

Наши гостинки во Среда ќе бидат кошаркарките на Цинкарна Цеље,   една од најсилните екипи во регионалната лига, 17 кратни шампионки на Словенија, 15 пати освојувачи на Купот на Словенија, двократни шампионки во регионалната WABA лига, екипа којашто секогаш настапува со шампионски амбиции.

Годинешното натпреварување во WABA лигата го започнаа со сигурна победа против Партизан 1953 во Белград, победа во којашто Katrina Pardee беше најефикасна со 24 поени, Marusa Senicar оствари 12 скока а 17 годишната Blaza Ceh забележа 6 асистенции.

Цинкарна Цеље оваа сезона настапува во исклучително силен состав, вистински спој на младост и искуство, составен од домашни кошаркарки  и три интернационалки од Нигерија (Jite Sophia Gbemuoto, 17 години/188цм), Америка (Katrina Pardee, 24 години/175цм) и Бразил (Isabela Lyra Ramona, 27 години/180цм).

Баделки се пред исклучително тежок испит. На натпреварот против Монтана 2003 и покрај минималниот пораз, сино-жолтиот тим прикажа одлична игра. Подготвеноста и мотивацијата пред натпреварот со Цинкарна Цеље се на високо ниво. Очекуваме пред се добра игра на нашите баделки и зошто да не и прва победа во регионалното натпреварување.

НАПРЕД БАДЕЛ!

04.10.2021.

ЖКК БАДЕЛ 1862