Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 со трофеј ја отворија новата натпреварувачка сезона.

Попладнево, во СРЦ Кале, најтрофејниот македонски женски кошаркарски колектив  во својата ризница на трофеи го додаде и трофејот за победник во првото Супер куп натпреварување.

Совладана беше екипата на ЖКК Баскет Кам, актуелен шампион и победник на Купот со резултат 88:72 (22:19, 27:14, 17:17, 22:22).

Најефикасна на теренот беше Ивана Кметовска, со 26 постигнати поени, оствари 12 скока, за севкупен индекс од 32, Александра Стојановска постигна 21 поен на којшто додаде 9 скока, 11 асистенции, за севкупен индекс од 34. Цветанка Димова постигна 16 поени, Нена Трајчевска 11, Сара Максимовска 8 и Keitlyn Matheiu 6 поени.

Баделки на овој натпревар покажаа дека  влегуваат во натпреварувачка форма пред премиерата во WABA лигата, на 29.09.2021 година.

💙💛 ШАМПИОНСКА ТРАДИЦИЈА 💙💛

 

25.09.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862