Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ги дозна противниците на патот кон ЕП 2023 коешто ќе се одржи во Словенија и Израел.

Денешната ждребка во Минхен ја смести  нашата репрезентација  во Групата А, заедно со репрезентациите на Белгија, Германија и Босна и Херцеговина.

Поради пандемијата со Ковид 19, натпреварувањата ќе се одиграат по принципот на ФИБА прозорци. Првиот прозорец предвидено е да се одигра во период од 11-14.11.2021 година, вториот од 24-27.11.2022 година и песледниот прозерец 24-27.02.2023 година.

Пласман на ЕП 2023 покрај домаќините Словенија и Израел, ќе обезбедат и 10-те победници на групите и 4-те најбори второпласирани екипи.

20.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862