Трета, рекордна победа на нашите кошаркарки во третото коло на FIBA U16 European Challenger – Група Е.

Попладнево, во натпревар со однапред познат победник, нашите кошаркарки ја совладаа селекцијата на Ерменија со резултат 92:22 (17:2, 18:6, 32:4, 25:10).

Единствената непознаница на денешниот натпревар беше разликата со којашто нашите кошаркарки ќе го добијат натпреварот. Разликата во класа беше евидентна од самиот почеток на натпреварот. Одиграа нашите кошаркарки агресивно на противничката половина, максимално ги користеа противничките грешки….за конечни +70 поени разлика.

Михаела Алексовска запиша 25 поени, Марија Николов 10 украдени топки а Ксенија Петревска 9 скока.

Во редовите на Ерменија, Seda Gabrielyan постигна 9 поени.

 

НАПРЕД ДЕВОЈКИ!  ОДИМЕ НА 100% ЕФЕКТ И ПРВО МЕСТО! 

13.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862