КФСМ до кошаркарските клубови денес проследи информација за почетокот на новата 2021/2022 сезона, во којашто се потенцира:

” Земајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државава, а согласно мерките и препораките на Владата на РСМ за спречување и намалување на ширењето на пандемија Ковид 19, како и препораките на Здравствената комисија на КФСМ, за почеток на натпреварувачката сезона 2021/22 сите учесници се должни:

1. Да имаат примено најмалку една доза од вакцината против Ковид 19 потврдено со официјален документ, или
2. Да направат PCR тест 48 часа пред секој натпревар, или
3. Да направат серолошки тест со кој се утврдува вкупната концентрација на антитела на Ковид -19.
Сезоната 2021/22 започнува со Супер куп кој од оваа година ќе го носи името „Драган Василов – Цевка“ и ќе се одржи за време на викендот 25.09, или 26.09.2021 година.
На Супер купот ќе играат Победниците на првенството од минатата натпреварувачка сезона 2020/21 и освојувачите на Купот 2021, во машка и женска конкуренција.
Со оглед дека и во машката и во женската конкуренција првенството и купот во натпреварувачката 2020/21 сезона го освоија истите екипи, КК „МЗТ Скопје Аеродром“ во машка конкуренција, односно КК „Баскет Кам“ во женска конкуренција, финалистите од куп натпреварите ќе играат во Супер купот, односно екипата на КК „Работнички“ во машка конкуренција и екипата на КК „Бадел 1862“ во женска конкуренција,
КК „МЗТ Скопје Аеродром“ – КК „Работнички“

КК „Баскет Кам“ – КК „Бадел 1862“

Официјалниот почетокот на првенството во прва лига мажи започнува првиот викенд од Октомври, односно 2.10.2021 година, Сабота.
Официјалниот почетокот на првенството во втората лига мажи и првата лига жени започнува на 9.10.2021 година, Сабота.
Почетокот на третата лига во машка конкуренција ќе биде дополнително објавен во зависност од пријавените екипи.
Напомена: Предлог датумите за почеток на сезоната, како и календарите за одигрување кои ќе ви бидат доставени, можат да бидат променети во зависност од мерките кои ќе ги донесе Владата на РСМ поврзани со пандемијата Ковид 19. “

 

12.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862