Втора победа во вториот натпревар за нашите кошаркарки. Попладнево, во нерамноправен натпревар беше совладана селекцијата на Албанија со резултат 72:46 (19:11, 15:8, 17:8, 21:19).

Доминираа македонските кошаркарки од првата до последната минута од натпреварот. Разликата во квалитет беше евидентна. Со агресивна игра на противничката половина, нашите кошаркарки му оневозможија на протвникот лесен напад. Одиграа цврсто во одбрана и со ефикасна игра во нападот се стекнаа со предност 15 поени на половина од натпреварот, предност којашто растеше во континуитет за конечни +26 поени разлика.

Бриљираше Михаела Алексовска со 32 поени, 3 асистенции, 3 украдени топки. Марија Николов постигна 13 поени, притоа оствари 6 асистенции и 7 украдени топки.

Кај поразената екипа најефикасна беше Brikena Mucenjи со 17 постигнати поени.

Утре е слободен ден за сите репрезентации.

 

НАПРЕД ДЕВОЈКИ!  ОДИМЕ НА 100% ЕФЕКТ И ПРВО МЕСТО! 

11.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862