Нашата кошаркарска репрезентација за кошаркарки до 16 годишна возраст со убедлива победа го започна походот кон првото место на FIBA U16 European Challenger – Група Е. Попладнево беше совладана селекцијата на Малта со резултат 91:53 (18:16, 28:9, 20:9, 25:19).

Одлично издание на нашите кошаркарки во воведниот натпревар од FIBA U16 European Challenger – Група Е. Уште од самиот почеток на натпреварот, со агресивна игра му дадода до знаење на противникот дека нема што да бара на денешниот натпревар. Максимално се користеа грешките на противникот и со прецизна игра во нападот на полувреме отидовме со 21 поен разлика (46:25). Продолжија нашите кошаркарки и во второто полувреме со сигурна игра, а евидентната разлика во квалитет ја крунисаа со конечни 38 поени разлика (91:53).

Михаела Алексовска со 18 и Марија Николов со 17 поени беа нашите најефикасни кошаркарки. Со двоцифрен поентерски учинок беа и Божица Стоева со постигнати 15 поени, Ана Милованова со 12 и Ксенија Петревска со 10 поени. Најрасположена за асистирање беше Ања Даниловска со 8 асистенции, додека најмногу украдени топки имаа Михаела Алексовска – 8, Марија Николов – 7  и Ана Милованова – 6. Под кошевите доминираа Љубица Бошкова со 9 скока, Ксенија Петревска и Ана Милованова со по  8 скока.

Оваа победа ќе претставува дополнителен стимул пред утрешниот натпревар против селекцијата на Албанија.

НАПРЕД ДЕВОЈКИ! УТРЕ ОДИМЕ НА ВТОРА ПОБЕДА! 

10.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862