Најтрофејниот македонски женски кошаркарски колектив, ЖКК Бадел 1862, вечерва го означи стартот на подготовките за претстојната сезона.

Пред нас е исклучително напорна сезона на три фронта, домашното првенство, куп натпреварувњето и Јадранската WABA лига. Тренерот Перо Стамевски на располагање ги има сите кошаркарки коишто го изнесоа товарот на претходната сезона, како и Ивана Кметовска, повратничката во редовите на ЖКК Бадел 1862.

Подготвителниот период ќе се искористи за што подобра физичка и техничко-тактичка подготовка на тимот, а предвидено и одигрување на неколку припремни натпревари.

Амбициите на ЖКК Бадел 1862 се секогаш исти, освојување на двојната круна во домашното првенство и куп натпреварувањето и добар пласман во меѓународната Јадранска WABA лига. Официјално сезоната 2021/2022 за кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ќе започне на 29.09.2021 година, со натпреварот од Јадранската WABA лига против екипата на Монтана 2003.

На нашите баделки им посакуваме многу здравје и успешни подготовки во пресрет на новата сезона.

 

09.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862