Во период од 09-14.08.2021 година во Тбилиси, Грузија, ќе се одржи FIBA U16 European Challenger – Група Е, на којшто покрај нашата репрезентација, ќе учествуваат и репрезентациите на Албанија, Малта, Ерменија и домаќинот Грузија.
Изминатите 30-тина дена, избраничките на селекторот Никола Златев спроведоа интензивни подготовки во Скопје, Кавадарци и Крива Паланка. Во меѓувреме преку контролни натпревари се брусеше формата на нашата репрезентација. Последните контролки се одиграа во Крива Паланка против соодветната репрезентација на Бугарија.
На нашите кошаркарки им посакуваме пред се ладни глави и успешен настап на FIBA U16 European Challenger-от во Грузија.
www.wbcbadel1862.com.mk по примерот на U18 и U20 Challenger-те, ќе ги следи настапите на нашата репрезентација во Грузија, навремено ќе ги објавуваме линковите за LIVE STREAM и LIVE STAT на сите натпревари од Групата Е, ќе Ве информираме за резултатите, тимските и индивидуалните постигнувања, со надеж дека ќе ја доближиме женската младинска кошарка до пошироката публика и пред се до младата популација.
НАПРЕД ВО НОВИ ПОБЕДИ!
04.08.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862