Нашата репрезентативка, кошаркарката на ЖКК Бадел 1862, МАРИЈА ДИМИТРИЈЕВИЌ е најдобриот додавач/асистент во рамките на Групата Д.

Марија во просек остваруваше по 6.2 асистенции на секој натпревар. Севкупно, во рамките на сите четири групи од FIBA U18 European Challenger, Марија Димитријевиќ е втор најдобар асистент/додавач, веднаш позади Ioanna Kyprianou од Кипар, којашто остваруваше 6.6 асистенции/натпревар.

БРАВО МАРИЈА!

01.08.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862