Во натпревар од четвртото коло од Групата Д, нашата репрезентација ја забележа првата победа на FIBA U18 European Challenger-от, против репрезентацијата на Албанија со резултат 61:49 (18:12, 14:10, 21:6, 8:21).
Одиграа нашите девојки просечен натпревар против објективно најслабата репрезентација во Групата Д, ја добија битката под кошевите (47 скока наспроти 33 на противникот), меѓутоа забележа и 20 грешки. На полувреме заминаа со 10 поени предност, ја добија третата четвртина со 15 поени предност за +25 во очи на последниот период од натпреварот, периот којшто го загубија со 13 поени, за конечни +12.
За одбележување е настапот на Марија Димитријевиќ, којашто со постигнатите 14 поени и 10 асистенции оствари дабл-дабл ефект, за севкупен индекс од 19. Ива Чолакоска постигна 14 поени, а Христина Ставревска забележа 11 скока.
Во репрезентацијата на Албанија, најдобар поединец беше Brikena Mucenji, којашто за 40 минути поминати на паркет постивна 23 поени, за севкупен индекс од 26.
Севкупно, оваа победа на нашите репрезентативки треба да претставува дополнителен стимул во очи на последниот натпревар против селекцијата на Швајцарија.
ДЕВОЈКИ, ГЛАВАТА ГОРЕ!
ОДИМЕ НА ПОБЕДА НА СЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ!
31.07.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862