Кога во две четвртини ќе се примат 64 поени(прва и четврта), а притоа не постигнете ниту еден поен, неизвесна ќе биде само разликата со којашто ќе го загубите натпреварот.

Попладнево, нашата репрезентација претрпе тежок пораз од фаворитот во Групата Д, селекцијата на Словенија со резултат 88:22 (34:0, 11:13, 13:9, 30:0).

Натпреварот започна и заврши во анемична, дезогранизирана игра, слаба и спора игра во нападот и одбраната…….Епилогот  на таквата игра беа 37 грешки (Словенија 11), 26 украдени топки (Словенија), наспроти 5 на нашата репрезентација.

Очигледна беше слабата подготовка за овој натпревар. Словенија одигра агресивно во текот на сите 40 минути, стил на игра за којшто немавме одговор во ниту еден момент.

На нашите репрезентативки им посакуваме што е можно побрзо да го заборават овој натпревар и психолошки да се растеретат.

Утре е нов ден, следува нов натпревар, против домаќинот, репрезентацијата на Бугарија.

 

ДЕВОЈКИ, ГЛАВАТА ГОРЕ!

ОДИМЕ НА ПОБЕДА НА СЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ! 

28.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862