Нашите кошаркарки до 18 годишна возраст со пораз го започнаа FIBA U18 European Challenger-от, во воведниот натпревар од Групата Д. Загубивме од репрезентацијата на Украина со резултат 69:52 (22:11, 20:15, 13:19, 14:7).

Почетната трема и грешките резултираа со 11 поени негатива во првата четвртина и 16 поени негатива на половина од натпреварот. Заиграа нашите репрезентативки растеретени во третата четвртина од натпреварот, се доближија на -7 (50:57) и во моментите кога ни се пружи шанса да влеземе во егал завршница, повторно дојде период исполнет со многу грешки и лоша игра во нападот и во одбраната за конечни 69:52. Со оглед на сите случувања на теренот, впечаток е дека можевме да одиграме порамноправен натпревар против Украина.

Сепак, нашите кошаркарки треба што побрзо да го заборават овој натпревар и максимално растеретени, со ладни глави да се подготват за утрешниот натпревар против селекцијата на Словенија.

Марија Димитријевиќ, со постигнатите 15 поени и 8 асистенции и 3 украдени топки беше нашиот најдобар поединец, а во чекор ја следеше Ива Чолакоска со 16 постигнати поени, со 50% шут од поле.

Во репрезентацијата на Украина посебно се истакна Khrystyna Kulesha со 23 поени и 8 скока, за севкупен индекс од 27.

ГЛАВАТА ГОРЕ!

ОДИМЕ НА ПОБЕДА НА СЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ! 

27.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862