Во период од 27.07 – 01.08.2021 нашата репрезентација ќе одигра 5 натпревари во рамките на FIBA U18 European Challenger – Група Д. Избраничките на Јелена Антиќ влегуваат во натпреварувањето максимално спремни за надмудрување со противничките репрезентации. Очекувањата од ова натпреварување се големи. Искуството и квалитетот на Марија Димитријевиќ, Мартина Блажевска, Габриела Модева, Мартина Марковска, Рина Салиу, Стефани Цветановска, Нина Зафировска, Ива Чолаковска,…., компкатноста на тимот, хемијата, големиот број на меѓусебни средби коишто ги имаат одиграно се сосема доволен услов за безусловна подршка на нашите репрезентативки, со единствена цел: успешно претставување на FIBA U18 European Challenger-от во Софија.

Во период од 6 дена, нашата репрезентација ќе одигра 5 натпревари.

Натпреварувањето ќе го отвориме на 27.07.2021 година во 13:00 часот против репрезентацијата на Украина. На 28.08.2021 во истиот термин ни следи натпреварот против фаворитот во Групата Д, селекцијата на Словенија, додека на 29.07.2021 со почеток во 19:00 часот ќе го одиграме натпреварот против домаќинот, селекцијата на Бугарија. На 31.07.2021 година во 13:00 часот не очекува дуелот против репрезентацијата на Албанија, а последниот натпреват ќе го одиграме на 01.08.2021 година во 13:00 часот против селекцијата на Швајцарија.

Линковите за LIVE STREAM и LIVE STAT ќе ги објавиме дополнително на www.wbcbadel1862.com.mk

 

21.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862