Во последниот натпревар од групата Е, нашите младинки го забележаа и четвртиот пораз. Подобра од нашата репрезентација беше репрезентацијата на Косово, којашто во возбудлив и неизвесен натпревар забележа победа со резултат 63:62 (13:15, 16:10, 21:21, 13:16).

Не помогна ниту одличната Тијана Митрева, единствената светла точка во нашиот тим, којашто постигна 28 поени, оствари 5 скока, 3 асистенции и 4 украдени топки. Со овој пораз, нашата репрезентација остана закована на последното место, со 4 порази во 4 натпревари.

Севкупно, изминатите денови бевме сведоци на уште еден разочарувачки настап на нашата младинска репрезентација, веројатно последен аларм за состојбите во домашната младинска женска кошарка.

Најефикасна во репрезентацијата на Косово беше Agnesa Rahmani со 18 поени.

Во првиот денешен натпревар, селекцијат ана Романија ја совлада селекцијата на Луксембург со резултат 73:59 (14:12, 21:12, 21:18, 17:17).

Најефикасна кај победникот беше Laura Vaida со 21 поени, додека во селекцијата на Луксембург најефикасна беше Sofie Olsen со 11 поени.

 

18.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862