Во натпревар од претпоследното коло, нашите младинки го забележаа третиот пораз во третиот натпревар, од лидерот во Групата Е, репрезентацијата на Словачка, со резултат 75:44 (21:13, 14:18, 23:7, 17:6)
Ова беше уште еден разочарувачки настап на нашите младинки. Ако се одземе втората четвртина, четвртина во којашто нашите младинки му парираа на противникот и ја добија четвтрината со +4 поени, останатите три четвртини поминаа во конфузна игра во одбраната и нападот, загубена битка под кошевите (30 наспроти 49 скока на противникот).
Светла точка во нашата репрезентација беше Елена Тасевска, со 16 постигнати поени и 6 скока, за севкупен индекс на корисност од 20. Во репрезентацијата на Словачка најефикасна беше Licia Zilinska со 15 постигнати поени.
Во првиот денешен натпревар, селекцијат ана Романија ја совлада селекцијата на Косово со резултат 80:64 (24:24, 14:19, 22:6, 20:15).
Најефикасна кај победникот беше Eva Petrof со 25 поени, додека во селекцијата на Косово најефикасна беше Agnesa Rahmani со 23 поени.
17.07.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862