Бордот на WABA лигата информира дека ЖКК Берое – Стара Загора (Бугарија) се повлекува од натпреварувањето во WABA лигата за сезоната 2021/2022.

За потсетување, ЖКК Берое на 24.05.2021 година ја има доставено официјалната пријава за учество во WABA лигата во сезоната 2021/2022, а на 23.06.2021 година и согласноста од Кошаркарската Федерација на Бугарија за учество во лигата. За потсетување, на 10.05.2019 година, ЖКК Берое има потпишано Договор со Бордот на WABA лигата, во кој се прецизирани правата и обврските за учество во сезоните 2019/2020, 2020/2021 и 2021/2022.

Врз основа на комплетно доставенате документација, Собранието на WABA лигата на 25.06.2021 година во Славонски Брод го верификуваше учеството на ЖКК Берое во WABA лигата за сезоната 2021/2022.

Со оглед на одлуката на ЖКК Берое за неучество во сезоната 2021/2022, Бордот на WABA лигата ќе постапи  согласно член 43.3 од Пропозициите, коишто за ваков прекршок предвидуваат три годишна забрана за учество во WABA лигата и парична казна од 3500 евра.

Поради новонастанатата состојба, Бордот на WABA лигата во Четврток, 22.07.2021 година, преку видео конференција во живо ќе организира ново ждребување за сезоната 2021/2022, за пополнување на 2 групи од по 6 екипи, а натпреварувањето во двете групи ќе започне на 29.09.2021 година.

 

16.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862