Во втората половина на месец Јуни се одржа државното првенство за кошаркарки до 14 годишна возраст, со следниот поредок на екипите:

  1. ЖКК Вардар
  2. ЖКК Струга
  3. ЖКК Бадел 1862
  4. ЖКК Крива Паланка

Денес Горан Даниловски,селекторот на соодветната М14 репрезентација го објави списокот на повикани кошаркарки коишто во месец Август ќе учествуваат на традиционалниот Словенија бол, неофицијалното Европско првенство за кшаркарки до 14 годишна возраст.

На списокот на повикани кошаркарки се наоѓаат:

6 кошаркарки од првопласираната екипа – ЖКК Вардар,

1 кошаркарка од второпласираната екипа – ЖКК Струга,

2 кошаркарки од четвртопласираната екипа – ЖКК Крива Паланка,

по 2 кошаркарки од ЖКК Гостивар и ЖКК Пробаскет – Пробиштип,

по 1 кошаркарка од ЖКК Баскет Кам, ЖКК Тим Арена и ЖКК МЗТ Скопје Аеродром…..

и 0 (со зборови: нула) кошаркарки од третопласираната екипа на ЖКК Бадел 1862, најтрофејната екипа во нашата држава????!!!

Логично се наметнува прашањето: КАКО УСПЕАЛЕ НАЈМЛАДИТЕ БАДЕЛКИ ДА ГО ОСВОЈАТ ТРЕТОТО МЕСТО, АКО НЕМААТ КВАЛИТЕТНИ КОШАРКАРКИ ЗА ДА ПОБЕДАТ НА КОШАРКАРСКИОТ ТЕРЕН???

Натприродни сили  – не е одговорот!

Чудо – не е одговорот!

Магија – не е одговорот!

Квалитет – тоа е правиот одговор!

Квалитет, којшто е резултат на квалитетна и стручна работа, дури и во услови на светска пандемија со Ковид 19.

Неможеме а да не го искажеме револтот од неизборот на НИТУ ЕДНА кошаркарка од ЖКК Бадел 1862 во М14 репрезентацијата.

Селекторе, фактите и бројките се неспорни. На пример: нашата кошаркарка Дора Алексова, една од најперспективните кошаркарки во соодветната возрасна категорија,

на Ф4 имаше просек од 25 поени по натпревар и 6 асистенции по натпревар…..

во М16 возрасна категорија просечно постигнуваше по 7 поени (со мала минутажа)…

настапуваше и во М17 конкуренција (WABA – Јадранска лига)….

….настапи коишто за голем дел од повиканите кошаркарки се мисловна именка, неостварен сон….

А бидејќи кошарката е колективен спорт, еден играч неможе да донесе бронзен медал сам….

…..затоа ќе ги спомнеме и Илина и Теодора и Летиција и Лана,….

…сите тие се заслужни за освоеното 3-то место…..

…А ОБЕСПРАВЕНИ ВО ОДНОС НА МНОГУ ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ…

…….

ЖКК Бадел 1862 бил, е и ќе биде лидер во женската кошарка во Северна Македонија, ќе биде ѕвездата водилка којашто го покажува и ќе го покажува патот на стручната и квалитетна работа со сите возрасни категории.

ЖКК Бадел 1862 и во иднина ќе биде главен фаворит за трофеј во сите возрасни категории.

Од оваа неправда кон нашите најмлади баделки, штета единствено може да има нашата репрезентација. Ако сте немале доволно информации за нашите кошаркарки, информирајте се од нашиот веб медиум (www.wbcbadel1862.com.mk ), прочитајте ги фактите за нашите кошаркарки, погледнете ги натпреварите (ги имаме комплетни)…..

10.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862