Месец Јуни беше месец во којшто по скратен систем се одиграа државните првенства во женските младински кошаркарски лиги…уште една пропуштена можност за популаризација на женската кошарка помеѓу младата популација. Изостана медиумската покриеност на настаните, пишаните и електронски медиуми (со ислкучок на www.wbcbadel1862.com.mk , нашиот веб портал, којшто секојдневно информираше за јунските настани во младинската женска кошарка и делумно МКФ).

Пред нас се настапите на државните репрезентации во категориите М20, М18, М16 и М14…настапи коишто ќе го одбележат месеците Јули и Август. Пред нас е уште една можност за популаризација и приближување на овој спорт до младата популација, посебно FIBA U20 European Challenger којшто ќе се одржи во Скопје (СРЦ Кале) во период од 13-18.07. Се надеваме дека куќата на кошарката ќе ги отвори вратите на СРЦ Кале, клубовите и кошаркарските школи, предводени од тренерите ќе ги донесат младите кошаркарки да присуствуваат на овој настан, а самиот настан ќе биде промовиран преку електронските медиуми, со цел привлекување на помлада публика……

www.wbcbadel1862.com.mk во претстојниот период во целост ќе Ве информира за настапите на нашите репрезентации и ќе ги објавува линковите за LIVE STREAM на нашите репрезентации.

 

08.07.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862