Сезоната 2020/2021 покажа и докажа дека ЖКК Бадел 1862 вистински лидер во женската кошарка. 

Најтрофејниот македонски женски кошаркарски колектив го покажа на дело својот квалитет и  професионализам (во секој поглед).

Во услови на светска пандемија со Ковид 19, ги спроведуваше сите, ама баш сите протоколи за заштита на зравјето на своите кошаркарки. Континуирани тестирања за утврдување на присуство на Ковид 19 од страна на овластено и стручно медицинско лице, организација на натпревари согласно пропишаните протоколи од здравствените власти, соодветни реакции при утврдување на позитивни кошаркарки, изолации, третмани,….

На кошаркарскиот терен, ЖКК Бадел 1862, и покрај сите проблеми со коишто се соочуваше, демонстрираше квалитет, знаење,…

Во сезоната 20/21 неможеше да се замисли Ф4 натпреварување без учество на нашата екипа….а на пиедесталот, на којшто има 3 места, оваа година едно беше секогаш резервирано за нашите баделки.

Сениорки – Првенство – Ф4 – Финале – 2-ро место, сребрен медал.

Сениорки – Куп              – Ф4 – Финале – 2-ро место, сребрен медал.

М14                                    – Ф4 – мало Финале – 3-то место, бронзен медал.

М16                                    – Ф4 – Финале – 2-ро место, сребрен медал.

М18                                    – Ф4 – Финале – 1-во место, златен медал.

ЖКК Бадел 1862 е единствената женска кошаркарска екипа којашто во изниматата сезона учествуваше на сите Ф4 натпреварувања и на секое Ф4 натпреварување се наоѓаше на пиедесталот, со 4 финалиња и 1 натпревар за 3-то место.

ЖКК Бадел 1862 беше, е, и ќе биде авангарда, пример за професионализам и квалитет во женската кошарка, како во домашните првенства и куп натпреварувања, така и на меѓународна сцена со настапите во регионалната Јадранска WABA лига во сениорска и М17 категорија. 

ЖКК Бадел 1862 беше и ќе биде расадник на репрезентативки во сите возрасни категории.

💙💛 ЖКК БАДЕЛ 1862 Е КЛУБ СО 30 ГОДИШНА ТРАДИЦИЈА! 💙💛

💙💛 ЖКК БАДЕЛ 1862 Е НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КОЛЕКТИВ! 💙💛

💙💛 ЖКК БАДЕЛ 1862 Е ИНСТИТУЦИЈА! 💙💛

 

26.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862