Денес, во Славонски Брод, Хрватска, ќе се одржи ждребувањето за сениорската WABA лига за сезоната 21/22, после кое баделки ќе ги дознаат противниците во групната фаза од натпреварувањето.

Врз основа на постигнатите резултати во сезоната 20/21, 13 екипи ќе бидат сместени во 7 шешири:

  1. Берое (Бугарија), Будуќност Бемакс (Црна Гора)
  2. Монтана 2003 (Бугарија), Цинкарна Цеље (Словенија)
  3. Орлови (Босна и Херцеговина), Партизан 1953 (Србија)
  4. Баскет Кам (Северна Македонија), Војводина 021 (Србија)
  5. Феникс (Босна и Херцеговина), Триглав (Словенија)
  6. РМУ Бановиќи (Босна и Херцеговина), Бадел 1862 (Северна Македонија)
  7. Пламен Пожега (Хрватска)

Групната фаза од натпреварувањето ќе започне во Септември, 2021 година, Супер лигата во почетокот на 2022 година, додека Ф4 че се одржи на 19/20.03.2022 година.

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ1862 💙💛

25.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862