Сениорките на ЖКК Бадел 1862 одиграа исклучително тешка и непријатна сезона, сезона исполнета со многу повреди, изолации, Ковид 19, рехабилитации….., меѓутоа, баделки во оваа сезона ја покажаа и докажаа народната поговорка ….на маката се познаваат јунаците

Во двете натпреварувања, државното првенство и Куп натпреварите, обезбедија пласман во големото финале и освоија 2 сребрени медали.

Групната фаза од државното првенство ја завршија со 100% ефект, со десеткуван состав, без Александра Стојановска, којашто минуваше низ процес на рехабилитација, со ровитата Цветанка Димова, на моменти без Драгана Јоловиќ (поради повреди),…. Во таква ситуација, стручниот штаб во огин ги уфрли и младинките на ЖКК Бадел 1862.

Супер лигата баделки ја започнаа со засилени со Александра Стојановска и Нена Трајчевска….беа тоа одлични вести…., меѓутоа следеше Ковид 19…. првотимките (репрезентативки) мораа во изолација….тешки моменти во којшто единствено здравјето на нашите баделки беше врвен проритет…. И кога помисливме дека малерите се позади нас, следуваа во серија, тешките повреди на нашите првотимки, капитенот, Сања Адамовска и Драгана Јоловиќ, што претставуваше крај на сезоната за нашите кошаркарки. И покрај тоа, баделки успешно се справуваа на теренот со своите противници, а во дерби средбите со ЖКК Вардар и ЖКК Баскет Кам извојуваа големи победи, со што го обезбедија и првото место во Супер лигата.

Во полуфиналето на Плеј оф натпреварите нов малер, се повреди и Цветанка Димова, со што дополнително беше скратен ростерот на екипата во очи на големото финале против екипата на ЖКК Баскет Кам, екипа којашто значително се засили во очи на Плеј оф натпреварите со репрезентативката Митрашиновиќ и интернационалките Гобељиќ и Брајковиќ. Огромен беше напорот на нашите баделки во финалната серија, заморот и скратениот ростер беа голема пречка во играта….за на крај да се закитат со сребрениот медал, медал којшто имаше златен сјај, имајќи во предвид низ што се поминаа нашите сениорки во изминатата сезона, вложувајќи натчовечки напори на секој натпревар.

 

БАДЕЛКИ, ВИЕ СТЕ НАШИТЕ ХОРОИНИ!

 

 

УТРЕ: Сезона 20/21 – М14/М16/М18 – ЖКК Бадел 1862

 

💙💛 ЖКК БАДЕЛ1862  – ИНСТИТУЦИЈА 💙💛

25.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862