Со одигрувањето на финалниот натпревар за кошаркарки до 14 годишна возраст, официјално заврши клубската кошаркарска 2020/2021 сезона.

Зад нас е една чудна, несвојствена, непредвидлива сезона, сезона којашто беше диктирана од елементарната непогода којашто го покори целиот свет, пандемијата со Ковид 19.

Прекинати првенства (2019/2020), затворени сали, забрана за групирање, …. беа првичните последици коишто ги почувствуваа кошаркарките. Беа во прекин тренажните и натпреварувачки процеси, со неизвесен термин за продолжување на истите.

После неколку месечната неизвесност, по строго пропишани протоколи, кошаркарките, во летото 2020-та година започнаа со одредени активности, пред се на отворен простор. Задоволството од повторното дружење со кошаркарската топка беше големо, меѓутоа тоа претстауваше и потенцијална опасност од несакани повреди, опасност којашто ќе се покаже како клучна во периодот на започнување на државните првенства.

После долго пролонгирање, одговорните во куќата на кошарката одлучија за почеток на сениорското првенство во видоизменет формат, со групна фаза, Суперлига и Плејоф/аут. Натпреварувањето се одвиваше по строго одредни протоколи, наметнати од здравствените власти, во интерес на заштита на здравјето, лично и колективно. И во текот на самото натпреварување во сениорска конкуренција, следуваа неколку непредвидени прекини поради позитивни кошаркарки на Ковид 19, изолации на цели тимови….и повторно, после враќањето во кошаркарските сали, повреди на кошаркарките, нови проблеми, разочарувања….. Овој опис на состојбите, по принцип на copy/paste се случуваше до самиот крај на сениорското првенство и куп натпреварите.

Во меѓувреме, пандемијата до бескрај ги пролонгираше почетоците на младинските лиги, лиги во којшто требаше да се претстави иднината на женската кошарка. Немаше крај на радоста на младите кошаркарки кога куќата на кошарката донесе одлука, во месец Јуни, да се организираат натпревари во младинските лиги, по ултра краток распоред и систем на натпреварување. Се одиграа младинските М14, М16 и М18 лиги во женската кошарка. Последни на сцената се појавија најмалите, М14, пионерки, а вчерашното финале беше и последниот натпревар во женската клубска кошарка за сезоната 2020/2021.

Нашите баделки, со сите успони и падови, прекини, почетоци, повреди,….згоди и незгоди коишто ги пратеа цела сезона, сепак, успешно ставија крај на сезоната.

На сите кошаркарки им посакуваме пријатни летни  денови, многу здравје и успех во наредната сезона……

 

 

УТРЕ: Сезона 20/21, сениорска екипа – ЖКК Бадел 1862

💙💛 БАДЕЛ1862 💙💛

24.06.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862