Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 до 18 годишна возраст се старо/нови шампиони во својата категорија. Во реприза на последно одржаното финале од 2019-та година се случи реприза во буквална смисла на зборот. Баделки, максимално мотивирани, полни со самодоверба, ја совладаа екипата на ЖКК Струга со резултат 64:37 (17:8, 11:9, 26:14, 10:6).
Одиграа нашите баделки моќно во одбраната, ги затворија сите приоди кон кошот, не дозволувајќи му на противникот реализација во нападот. Како одминуваше натпреварот, баделки ја зголемуваа во континуитет предноста, до максимални +30. Најрасположени поентерски беа Марија Николов со 19 поени, којашто на крај го доби признанието за најкорисен МВП играч и Мартина Блажевска којашто покрај постигнатите 16 поени, со освоените топки под двата коша во целост ја доби битката со репрезентативката Модева и претставуваше вистински столб на одбраната. Марија Димитријевиќ постигна 13, Мартина Маркоска 8, Дева Глигорова 3, Јана Петрова и Мила Џуковиќ по 2 и Јована Димковска 1 поен.
Сино-жолтиот тим во годинешното натпреварување ја докажа доминацијата во соодветната категорија, со 100% ефект. Трите најголеми конкуренти за титулата, ЖКК Вардар, ЖКК Крива Паланка и ЖКК Струга, ги совлада со севкупна разлика од 40+!!!
“…ако сакаш да бидеш најдобар, потребно е сите да ги победиш…”
💙💛 ЖКК БАДЕЛ 1862 – ИНСТИТУЦИЈА 💙💛
21.06.2021
ЖКК БАДЕЛ 1862